Вкупната процената вредност на проектот е околу 1,3 милиони евра и за негова реализација планирано е да се обезбедат средства од алтернативни извори на финансирање,

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2019 18:33

Кандидатот од СДСМ преку “ФОТОШОП” манипулација до градоначалник на Охрид !

Фото/Текст извор: ©онлине магзин

Кандидатот за градоначалник од Охрид, Константин Георгиевски денеска го презентира проектот за реконструкција на градскиот кеј, Кејот „Македонија”.

Константин Георгиевски, кандидатот за градоначалник денеска го презентира проектот за реконструкцијата на градскиот кеј. Тој на денешната прес конференција рече дека со својата природна местоположба, Охридското езеро е една од главните атракции, најфреквентните и најпосакувани места за Охриѓани и за туристите.

Оттука се наметнува потребата од реализација на нов Проектот за реконструкција на кејот, како една од најважните туристички зони во градот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.

Тој рече дека веќе има изготвено Проект за реконструкција, а издадено е и одобрение за градба и изработена е Студија оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти од реконструкцијата.

Георгиевски изјави дека вкупната вредност на проектот е околу 13 милиони евра и за негова реализација планирано е да се обезбедат средства од алтернативи извори на финансирање како што се фондови или програми кои поддржуваат развој на туристичката инфраструктура. Кандидатот за градоначалник рече дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.

Георгиевски потенцира дека целта со овој проект е Охрид да добие јавни површини со современ лик, достојни за еден туристички и културен центар.

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски преку “фотошоп„ денеска го презентира проектот за реконструкција на градскиот кеј во Охрид. Проектот предвидува и декоративни зидчиња од бетон обложени со камени плочки, врз кои ќе бидат поставени дрвени клупи.

Ние ги разбираме приоритетните потреби на заедницата, ги слушаме барањата на граѓаните и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење, рече Георгиески. Во минатото имало неколку активности за реконструкција и уредување на просторот на кејот, но со текот на изминатите години шеталиштето е многу амортизирано, а бетонот на постојната конструкција на крајбрежниот ѕид во најголем дел е еродиран и оштетен.

„Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи. 

Исто така ќе биде поставена и нова урбана опрема како што се држачи за велосипеди, корпи за отпадоци, клупи, скали за пристап до водата, нови канделабри за осветлување, а ќе биде изведено и соодветно хортикултурно уредување„ рече Георгиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.