Германската канцеларка Ангела Меркел планира да продолжи да врши притисок врз францускиот претседател Емануел Макрон да попушти за почеток на преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, велат владини извори во Берлин за агенциите Ројтерс и ДПА.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 21:28

КАНЦЕЛАРКАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Меркел утре повторно ќе го убедува Макрон Македонија да добие зелено светло

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

 Меркел нема намера да се откаже од барањето Северна Македонија и Албанија да добијат зелено светло за почеток на преговорите, пренесува „Дојче Веле“. Доколку не успее утре, Меркел ќе го убедува Макрон и во четврток.

Германската канцеларка Ангела Меркел планира да продолжи да врши притисок врз францускиот претседател Емануел Макрон да попушти за почеток на преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, велат владини извори во Берлин за агенциите Ројтерс и ДПА.

Откако Франција и денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург, ги отфрли компромисните предлози за позитивна одлука за двете балкански земји, владин извор тврди дека Меркел планира одново да ја отвори темата за време на германско-француската меѓувладина средба во Тулус утре (16.10).

 

 

 

 

„Тоа не е тема која ќе дозволиме да биде запоставена“, вели германскиот функционер.
Се работи, вели тој, за „решавачко стратешко прашање“ за ЕУ. Заклучокот на Бундестагот за почетокот на преговори со Северна Македонија и Албанија со дополнителни услови „изгради мост“ кон многу други земји-членки на ЕУ. Како Северна Македонија, така и Албанија, заслужија да ги започнат преговорите.

Официјален Париз, од друга страна, се уште останува на своите тврди позиции.

„Овие земји еден ден ќе станат членки на ЕУ, но прерано е за отворање на правниот пат“, вели претставник на францускиот претседател.

Германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на извори во Берлин, јавува дека германската влада е одлучна да се спротивстави на францускиот отпор за проширувањето и да го ослободи патот за Скопје и Тирана.

Изворот во германската влада признава дека Берлин денеска го одбил предлогот на финското претседателство за раздвојување на Албанија и Северна Македонија, кој беше доставен поради отпорот во повеќе главни градови против Тирана.

„Германската позиција не е да ја жртвуваме Албанија за да напредува Северна Македонија“, вели функционерот и додава дека двете земји ги исполниле условите кои им ги дала Европската комисија и со реформите заслужиле да започнат преговори.

Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, изјави попладнево министерката за надворешни работи на Финска Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, нагласи Тупураинен на прес-конференција во Луксембург по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан. Пак изјави дека „ова не беше најславниот момент на Европа“, додавајќи при тоа дека „значително мнозинство“ на членките на ЕУ ја поддржале препорака за отпочнување на преговорите со двете земји.

– Нема сомневање дека секое понатамошно одложување ќе наштети на нашата кредибилност на Западен Балкан и на нашите амбиции да станеме посилен глобален играч, додаде Хан.

Франција се противи поради тоа што не сака никакво ново проширување пред да се реформира преговарачкиот процес, додека Германија и Италија стравуваат дека доколку преговорите започнат само со Северна Македонија, Албанија „вечно“ ќе остане во чекалницата на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.