Независната пратеничка група од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата изведно е дека нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, немаат став за Иванов

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 11:31

Канческа Милевска ќе го “помилува” Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Координаторката на новата пратеничка група на одметнати пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата денес го соопштија и својот став по однос на можноста да се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот премиер.

Канческа Милевска на оваа тема одговори:

Осумтемина пратеници од Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски. -рече координаторката на пратеничката група, Елизабета Канческа Милевска.

Деновиве се очекува да биде закажана Комисија за мандатно имунитетни прашања на која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Груевски, откако кривичниот суд испрати известување до Собранието во кое наведува дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.

Канческа Милевска избегна да даде одговор дали би поддржале евентуално започнување на процесот за отповикување на претседателот Иванов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести