Веќе не е ни вест дали Канческа Милевска ги отпуштила или не асистентите во Собранието, прашање е кој им ги составил пораките и што тоа не сме доволно упатени во случајот?

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 11:42

Канческа “отпушти” двајца асистенти од Собранието, па ги “врати назад”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од извори од Собранието на Македонија и партиски извори, вчера Магазин објави информација дека новата координаторка на пратеничка група, Елизабета Канческа Милевска ги отпуштила двајцата асистенти.

Имено веста самата по себе и немаше да доживее фијаско ако не беа идентичните е-маил пораки кои редакцијата ги доби по половина час од објавата на веста, прва од именуваниот Добревски а потоа и од Кузманоска Веланова.

пораката на Добревски која пристигна прва до нашата редакција на сите електронски адреси, со кој и посакавме да поразговараме околу објавената вест, сметајќи дека можеби изворот ни пренел и половична вистина.

Пораките имаа наредбодавна и заканувачка содржина.

Магазин објави вест која ја доби од извори на кои се повика а именуваните кога веќе посакаа да се “избрише” веста, можеа да не удостојат со нивната верзија. 

Единствено Добревски посочи дека полувистина е дека се отпуштени и ни посочи дека вршиме злоупотреба на лични податоци. Име и презиме на вршител на функцијата асистент на пратеник во Собранието на Република Македонија е јавна ем партиска функција. Можеби писателот на идентичните пораки тоа требаше да им го посочи на именуваните врз кои ние цениме дека е извршен притисок.

Магазин останува на својата уредувачка политика да даде простор на секој кој сака да се произнесе по одредена информација која смета дека не е целосна вистина.

Пораки на панични реакции во кои идентични се и граматичките грешки, а Кузманоска Веланова заборавила да го корегира и машкиот род, сметаме дека се вест самите по себе.

За волја на вистината во продолжение ја пренесуваме и веста која беше објавена.

Додека беше министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, никогаш во јавноста не говорела за грчко-македонските односи, ниту пак за Уставот на Република Македонија.

Откако под сомнителни околности, веројатно поврзано со предметите во СЈО, го смени ставот за кој е изгласана како пратеник, гледаме дека секој втор ден дава изјави за Уставот, за Договорот од Нивици, како и за евро-атланските интеграции.

Но, забележете, изјавите секогаш и се напишани и ги чита, што остава сомнеж дека некој друг го пишува текстот, а Канческа-Милевска е само микрофонот кој ги пренесува тие пораки.

порака од Кузманоска Велановска по која ни стана јасно дека прво е целосна копија на претходната, во петтиот збор стои истата грешка “објабено” а наместо консултирана стои машкиот род “консултиран” како и кај нејзиниот колега.

Во Собранието, според правилата на Деловникот, секоја пратеничка група има право на соработници/асистенти, кои имаат задача да им помагаат на пратениците со материјали, логистика за средби, асистенција при учество на комисиите.

Така и пратеничката група на зависните независни пратеници кои ги предводи Канческа Милевска има право на двајца асистенти. Асистенти и помлади соработници во Собранието, по предлог на ВМРО – ДПМНЕ, веќе има, и најголемиот број од нив работат во парламентот неколку години.

После одделувањето од ВМРО – ДПМНЕ пратеничката група на Канческа требало да превземе двајца од постоечките 18 асистенти.

Но, на изненадување на сите, координаторката Канческа Милевска, која има дискреционо право да одлучи кои луѓе ќе работат за пратеничката група како асистенти, одлучила да им даде отказ на двајцата асистенти, Филип Добревски и Наташа Кузманоска Веланова.

Двајцата отпуштени од работа асистенти имаат добро искуство во Собранието, и двајцата се членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Овие двајца млади луѓе, кои немаат дополнителен приход, сега заради каприцот на одметнатата Елизабета Канческа остануваат на улица, без приходот од 25.000 денари, колку што е месечната плата на еден асистент.

Асистентката Наташа Веланова ја замолила пратеничката Елизабета Канческа да има во предвид дека е и мајка на две малолетни деца и дека приходот и работата и се суштински важни. Но, довчерашната вечна министерка за култура останала на нејзиното инсистирање за отказ.

Каква хипокризија. Овие двајца асистенти гласале за Елизабета Канческа да биде пратеник, а таа прво ги изневери што гласаше за смена на уставот, иако немала мандат за тоа, а потоа и ги отпушта од работен однос во Собранието.

Сепак, иако е микро случај за пошироката јавност, сепак истиот кажува многу за карактерот на Канческа Милевска, на која освен нејзиниот личен интерес, ништо друго во политиката не и е битно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести