Имено станува збор за метод кој што ќе ви помогне да го подобрите имунитетот а и да се изборите против настинка и вируси кои напаѓаат особено во зима. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 декември, 2019 19:47

Капење со ладна вода и на минус 30- руски кинезиотерапевт советува како да го чувате здравјето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Можеби ви се чини дека кај нас е многу ладно. Секако дојде зимата па и очекувано е температурите да бидат под нулата но верувајте Русите веруваат дека токму ладното време е лек за подобар имунитет. 

Русите се бањаат во замрзната вода со цел да го зајакнат имунитетот.

Имено станува збор за метод кој што ќе ви помогне да го подобрите имунитетот а и да се изборите против настинка и вируси кои напаѓаат особено во зима. 

Рускиот  кинезиотерапевт, проф. д-р Сергеј Бубновскиј тврди дека доколку се капете со ладна вода нема да имате проблеми со здравјето. Да, добро прочитавте лекот за подобар имунитет во зима лежи во туширањето со ладна вода.

Станува збор за доста примамлива метода која во Русија ја практитуваат речиси сите.  Уште од времето на Советскиот Сојуз останало верувањето кое тогаш било државна задача децата кои живеат на територијата на СССР, треба да бидат најздрави во светот. Па од тука останало капењето со ладна вода дури и на – 30 степени бидејќи тоа е од голема корист за здравјето.

 

„Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорен ден, во кадата ставете поголем сад со целосно ладна вода. Никако немојте да додавате топла вода во неа и потоа обидете се да направите 48, брзи, кратки тапкања во неа. Потоа излезете од кадата и избришете ги нозете со пешкир па облечете волнени чорапи. Правете го тоа секоја вечер и во голема мера ќе го зајакнете вашиот имунитет“ – советува докторот Бубновскиј.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.