Човековите права не се трговија па да се трампаат зависно бизнис интересите на една или друга партиска група.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 октомври, 2019 16:22

КАРАКАМИШЕВА: Драги сограѓани Албанци, политичарите Албанци треба да престанат да ве лажат, човековите права не се трговија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Драги сограѓани Албанци, политичарите Албанци треба да престанат да ве лажат и да ве манипулираат во корист на нивните бизнис интереси.

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи напиша дека политичарите Албанци, треба да престанат да ги лажат сограѓаните Албанци и да манипулираат во корист на нивните бизнис интереси.

Човековите права не се трговија па да се трампаат зависно бизнис интересите на една или друга партиска група, вели Каракамишева.

Драги сограѓани Албанци, кога ќе разберете дека човековите права се, пред се, ЛИЧНИ ПРАВА, а дури потоа колективни, малцински, како сакате наречете ги, тогаш Македонија ќе стане држава во која навистина ќе владее правото.

Се дотогаш можеме да глумиме дека имаме правна држава и да се преправаме дека е се во ред!

Политичарите Албанци треба да престанат да ве лажат и да ве манипулираат во корист на нивните бизнис интереси. Човековите права не се трговија па да се трампаат зависно бизнис интересите на една или друга партиска група. Тие се цивилизациска вредност и како таква ќе бидат почитувани во државата без разлика кои политички шибицари се на власт!

Фејсбук објава на Проф. д-р Тања Каракамишева

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...