Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

Објавил: admin@magazin | 21 јули, 2019 13:36

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството за организиран криминал, кое пак ќе добие зголемени ингеренции, а на чие чело ќе биде актуелната шефица, Вилма Русковска, по предлог на премиерот Заев. Веднаш по прес конференцијата, професорката Тања Каракамишева се огласи на социјалните мрежи и го праша премиерот кој го овластил сам да избира шеф на некое обвинителство.

Професорката по уставно право Тања Каракамишева, во својата објава на социјалните мрежи го запраша премиерот Заев од каде му е надлежноста да ја предложи и постави Вилма Рускоска на чело на Специјалното јавно обвинителство.

Исто така го таа го запраша, од каде тоа премиерот е сигурен дека ќе има 2/3 мнозинство за изгласување на новиот закон.

Заев вчера си ја избра Русковска за шеф на новото обвинителство.
Ни око да му трепне, ни веѓа да му мрдне.
Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство?
Од каде му е надлежноста?
И како тоа премиерот е сигурен дека ќе има 2/3 мнозинство за изгласување на новиот закон?
Пак ли ќе играат феферевка дежурните?

Заев предложи СЈО да стане ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамките на државното Јавно обвинителство. Предлогот е Вилма Рускоска да го води ова обвинителство кое треба да ги преземе и предметите, обвинителите, истражителите и архивите на СЈО. Сепак, новото обвинителство нема да може да ги има во владините разговори, изјави пред два дена премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести