Каракамишева вели дека се срами што го познава Денко Малески и поради тоа што тој треба да биде наш учител и просветител на Македонскиот народ.

Објавил: Перо Милчин | 29 април, 2020 13:03

Каракамишева: Малески е срам за Македонскиот народ, барам јавна осуда- Се срамам што го познавам!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката на Правниот факултат во Скопје Тања Каракамишева се огласи на социјалните мрежи поради изјавата на Денко Малески кој во изјава за една бугарска национална телевизија вели дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроинтеграцискиот процес.

Каракамишева вели дека се срами што го познава Денко Малески и поради тоа што тој треба да биде наш учител и просветител на Македонскиот народ.

Се срамам што бил мој колега на Факултет.
Намерно не напишав професорот оти е срам за Македонскиот народ тој да биде наш просветител и учител.

Кога не знае да молчи за работи што очигледно не ги познава, ниту има стручност да зборува за историја, а неговите зборови ни нанесуваат директна штета нам Македонците, тогаш јавната осуда е неопходна, напиша професорката Каракамишева – Јовановска на Фејсбук.

На социјалните мрежи реагираше и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во кој напиша дека воопшто не го изненади интервјуто на професорот Денко Малески за бугарската телевизија, ниту пак бугарските барања преточени во документ на ЕУ како услов Македонија да може непречено да ги води преговорите и да се зачлени во ЕУ

Ќе се задржам на ставовите на г. Малески, бидејќи тој отсекогаш бил “јастребот” на отстапките на левицата. Не знам, можеби и сам си ја доделил таа улога, но секогаш кога левицата во Македонија треба да направи отстапки на национален план г. Малески претходно со свои изјави како да прави подготовки на јавноста за истото.
Во сите до сега слични ситуации, тој е на страната на оној кој ни отвора проблем или бара некоја национална отстапка, односно се согласува со нивниот став, или затоа што е “убеден” дека другата страна е во право, или затоа што смета дека сме помали и во понеповолна ситуација и подобро е да попуштиме, вели Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...