Математиката на Заев вели дека е подобро тој да го преземе нападот и божем тој контролирано да ја отштрафува “бомбата” против него отколку да остави на случајност па некој друг да му ја експлодира во фаца директ.

Објавил: admin@magazin | 2 декември, 2019 19:17

КАРАКАМИШЕВА: На Македонија и треба НОВА, неискомпромитирана ПОЛИТИЧКА КРВ

Фото/Текст извор: ©дудинка.мк

Се знае дека игра големата мечка пред вратата на Заев и неговите пајташи кога токму тој решава од нигде никаде да го активира заспаниот Уставен суд да постапува по предмет заклучен во фиока точно 4 години.

Судот што одлучи да спие и да не се помрдне од место за најсуштинските и најкриминално донесените одлуки на оваа власт спротивно на Уставот и спротивно на Македонските интереси сега експресно ги става на лента одлуките на Иванов?! Да не ти се верува!

Заев токму сега решава да ги разбуди од мачкиниот сон уставните судии и да ги натера да ја отворат за разгледување темата што ниту е курентна, ниту ја посакуваа додека беа во опозиција.

Зошто токму сега Уставниот суд ја отвора темата со помилувањата на Иванов не е воопшто тешко да се претпостави ако се има предвид фактот дека пред нас е еден тежок политички период за власта, период во кој се претпоставува дека ќе се вади целиот валкан веш кој во изобилие го има против Заев и неговите ортаци.
Математиката на Заев вели дека е подобро тој да го преземе нападот и божем тој контролирано да ја отштрафува “бомбата” против него отколку да остави на случајност па некој друг да му ја експлодира во фаца директ.
Сигурно е дека на Заев до тој степен му гори под нозете штом токму сега излегува во јавноста со посебно обраќање до нацијата каде со неговата добро позната загрижена фацичка им упатува отворена закана на сите судии и јавни обвинители дека ако не бидат на ниво на задачата (а нивото им го диктира лично Тој) ќе го употреби механизмот на ветинг како алатка за лична пресметка против непослушните судии и јавни обвинители.

Ни помалку ни повеќе, Заев најави дека ветингот ќе го тера Антикорупциската комисија, да, да, добро слушнавте преку Комисијата која е позната во правната јавност како тело кое не признава двостепеност во постапката и не дозволува да се оствари правото на жалба на незадоволните странки од содржината на нејзините одлуки?!

Антикорупциската комисија сега се поставува во улога на главен играч на Заев која треба да ја одигра улогата на в(м)етач во судството и обвинителството.
За да може достојно да ја врши оваа улога прво ќе мора да расчисти со сопствената небулоза дека против нивните одлуки НИКОЈ не може да поднесе жалба па дури потоа да се нафати на ваков сериозен потфат каков што е ветингот.

Жално е Комисијата да не знае, или да биде убедувана од страна на правниците во земјата на состаноци во затворен формат дека против секој донесен акт, вклучително и против нивните акти, незадоволната странка има право на жалба како основно човеково право загарантирано со Уставот на Македонија и со сите европски документи.
Се знае дека на Заев и неговите ортаци им гори под нозете кога на сцена испливуваат небулозни предлози за автентично толкување на членови од законот за помилување кои автентични толкувања немаат никаква употребна вредност во моментов, освен вредност за можно заплашување на уставните судии дека ако не постапат по налогот на власта и тие ќе бидат предмет на ветингот на налогодавецот.

Од авион се гледа дека Заев преку неговите мастермајнди прави се за да го поклопи, да го прикрие криминалот што тече од сите страни и веќе никој не може да го собере и оправда.

Советниците на Заев очајно му предлагаат вакви клизечки дефокуси …тој реално нема да може да ги заташка бројните докази за сторен криминал иако е убеден дека со стратегијата “нападот е најдобра одбрана” ќе успее да го превесла периодот до избори.
Заев е новото “иде Дунав” во симболична смисла на зборот.

Доста е од аболицирани, амнестирани, помилувани политичари во земјата.
На Македонија и треба нова, неискомпромитирана политичка крв која ќе му даде свежа, поинаква енергија на системот. Чиста енергија без фекалии!

Тања Каракамишева
Универзитетски професор и член на Венецијанската комисија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...