Каркамишева со поитичка прогноза за Зоран Заев

Објавил: Узунов Бобан | 31 мај, 2019 13:05

Каракамишева: Со бомби дојде на власт со бомби ќе си замине !

Фото/Текст извор: ©магазин

Со бомби дојде на власт, од бомите ќе си замине, вели на социјалните мрежи универзитетската професорка Тања Каракмишева коментирајќи ги последните случувања со објавување на незаконски снимени материјали на социјалните мрежи.

Таа прашува дали по објавените бомби за ДУИ ќе следат бомби во кои ќе го слушаме гласот на премиерот Заев.

„По новообјавените “бомби” Чека од Чикаго ги поздрави ДУИ со изјавата “Или ќе бидат затворени за криминалци или Заев ќе падне!”.

Интересно е како Чека нема бомби за Заеви…или сепак, ИМА?

Како одеше онаа поговорката “кој на друг гроб му копа на крај сам паѓа во него”, така беше нели?

Од самиот почеток кога почнаа бомбите на Заев реков дека Заев ќе дојде на власт со бомби и така ќе.си замине!“ – пишува Каракамишева.

Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени криминалците, или владата на Заев ќе падне!“, пишува Чека на својот Фејсбук профил. Ел Чека, кој живее во Чикаго, им порачува на лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и на партиските функционери Муса Џафери, и на Беќир Асани од Чаир дека ќе мора да ја сфатат неговата упорност за ова прашање. Тој утринава објави нови десет “бомби“, а се шпекулира дека поседува стотици разговори.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести