„Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе извршат притисок врз нас и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 13:59

Каракачанов: Германија врши притисок врз Бугарија за Македонија, но Бугарија има свое достоинство и став!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Германија врши притисок врз Бугарија да започне преговори меѓу С. Македонија и Европската унија. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

„Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе извршат притисок врз нас и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме.

Тие не притискаат, факт! Бугарија има свое достоинство, своја политика и е суверена држава. Никој не може да ни каже дека треба да свртиме грб на 1.000 години “, рече Каракачанов на бугарска „Нова“.

Средбата во Скопје заврши речиси без резултат, изјави бугарскиот историчар Наум Кајчев, член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања по вчера завршената дводневна средба во Скопје.

Кајчев за ТВ емисијата „Панорама“ на БНТ изјави дека освен тоа што нема решение за Гоце Делчев, се појавил и нов проблем.

„Тоа е непотпишувањето на протоколот од минатата, девета средба. Дискутиравме и за учебниците по историја во Република Северна Македонија за седмо одделение, т.е. за средновековието, и всушност од сите наши 14 забелешки, досега поминавме само три. Проблемите се поврзани и со медиумското покривање на овие средби и негативната реторика кон Бугарија, а тоа на некој начин се рефлектира и на работата на комисијата“, изјави Кајчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.