Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

Објавил: Перо Милчин | 2 мај, 2020 11:46

КАРАКАЧАНОВ: ВМРО била и секогаш ќе остане најбугарската кауза, од ВМРО, српска и руска свирка не бидува и никогаш нема да стане!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот министер за одбрана и Вице премиер Красимир Каракачанов, објави дека дедото на Никола Груевски, Михаил Мијалков од Штип, и дедото на Радмила Шекеринска, Александар Шекеринов биле почитувани Бугари од Штип.

Во својот пост Каракачанов тврди дека Груевски не го бидува за историски анализи како што не го бидува и за политика, бидејќи сите виделе како неговата кариера завршила во еден гепек.

Според Каракачанов, неславно завршил и обидот на Груевски да го украде името на ВМРО, фалсификувајќи ги идеалите и историјата на Организацијата, пренесува Трибуна.мк.

„Ќе спомнам само дека меѓу основачите на бугарскиот Акционен комитет во Штип е познатиот бугарски патриот Михаил Мијалков, за кого што верувам дека Груевски и неговиот братучед го познаваат добро, бидејќи тој е нивниот сопствен дедо. Во суштина не само што Мијалков се самоопределувал како Бугарнин, туку согласно Уставот на Акциониот комитет, работел за „развој на здрав бугарски национализам“, „обединување на сите Бугари во една голема Бугарија“ и „за борба против непријателските елементи на бугарштината.“ Интересно е да се забележи дека дедото на Груевски помогнал неговата сограѓанка Ратка Шекеринова да добие бугарска државна пензија „за заслуга кон бугарштината“ како сопруга на убиенот од Србите неколку години порано „виден бугарскии деец“ Александар Шекеринов.

Тоа се разбира се бабата и дедото на мојата почитувана колешка Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија. Дедото на Груевски и бабата на Шекеринска тогаш биле најдостојните Бугари во Штип. Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

„Неговото ДПМНЕ не е ВМРО. Од ВМРО, српска и руска свирка не бидува и никогаш нема да стане. ВМРО била и секогаш ќе остане најбугарската кауза“, пишува Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...