Илинденското востание е Македонско а Преображенското Бугарско иако ни Заев ни Каракачанов тоа не го знаат

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 10:27

Каракачанов му препорача на Заев да чита повеќе историја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерот и министер за одбрана како и претседател на ВМРО – БНД Красимир Каракачанов остро ги осуди зборовите на македонскиот премиер Зоран Заев дека Илинденското востание било македонско.

Каракачанов го повика Министерството за надворешни работи веднаш да реагира.

“Tака се добиваат двојни стандарди. Ние зборуваме за заедничко славење на општи датуми од нашата заедничка историја. Затоа случајот не треба да се пренебегне.” – вели тој – ” Бидејќи втора година по ред Заев при прослава на Илинден пак не споменува Бугари кои учествувале во востанието.”

Според лидерот на ВМРО – БНД “Oчигледно тоа е типично балканска карактеристика во политиката – мислењата да се менуваат за 180 степени.”

Красимир Каракачанов истакна дека македонскиот премиер е напаѓан во земјата поради потпишаниот договор за добрососедство и на тој начин се обидува да се извлече од критиките.

“Но тоа не може да е оправдување бидејќи вистината стои над ситните политички игри. Најчиста варијанта е тој да каже вистината – дека Илинденско Преображенското востание е заедничко за двете земји.” – вели претседателот на ВМРО – БНД.

Каракачанов за крај додава: “Ако Заев навистина верува во она што подоцна го кажа дека востанието е македонско искрено му препорачувам да прочита историја”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.