Од тука натаму се е во рацете на колегите во Скопје!

Објавил: Мартин Попоски | 11 ноември, 2020 6:45

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сега се е во рацете на властите во Скопје, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов откривајќи дека делегации на Македонија и Бугарија, предводени од премиерите Заев и Борисов имале неколку часовни разговори.

Им објаснивме на нашите колеги од Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја, порача бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов коментирајќи ги вчерашните разговори на македонската и бугарската делегација во Софија.

Од тука натаму се е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да корегираат се што пропуштиле во моментот и да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори. Но, за да нема никакви сомнежи, бугарската страна нема намера и не отстапи на никаков начин ниту точка од рамковната позиција од октомври минатата година, изјави Каракачанов.

Премиерите на Македонија и на Бугарија и делегациите од двете земји заминале на работен ручек по завршувањето на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија, во рамки на Берлинскиот процес.

Првичните оцени на македонската Влада се дека успешниот Берлински процес е позитивен и охрабрувачки сигнал.

Остануваме посветени на наоѓање решение. Ако се постигне позитивно решение за Македонија, тоа ќе биде добро за сите што се вклучени во процесот, а во спротивно ќе имаме споделен неуспех“, велат од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.