- За мене спорот е политички, тој не е научен спор. Историјата е јасна по тој однос, кој чита – разбира. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш.

Објавил: Мартин Попоски | 1 февруари, 2020 18:31

Каракачанов со нова скандалозна изјава: На Гоце Делчев не му требал бугарски пасош за да учи во Софија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов во салата на Центарот за култура во Битола, промовираше три книги од кои едната за „Тодор Александров“.

Красимир Каракачанов денеска во Битола рече дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, затоа што во историјата е јасно напишано, дека Гоце Делчев е Бугарин. 

Красимир Дончев Каракачанов (бугарски: Красимир Дончев Каракачанов) (роден на 29 март 1965 во Русе, Бугарија) е политичар од Бугарија, лидер на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД. На 4 мај 2017 г. е избран за министер за одбраната на Бугарија.
Откако бугарските власти решија да ги отворат досиејата на политичарите, излезе на виделина дека Красимир Каракачанов бил соработник на поранешната комунистичка бугарска служба за државна безбедност под прекарот Иван.

Запрашан за македонско-бугарската комисија која се уште нема договор за Гоце Делчев, тој рече дека споровите побрзо ќе се решат ако се чита историјата.

– За мене спорот е политички, тој не е научен спор. Историјата е јасна по тој однос, кој чита – разбира. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Но, да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, зашто сакал бугарски пасош, таква глупост нема. На никој во тоа време не му требало пасош во Бугарија да дојде да учи на Универзитет или училиште.

Гоце Делчев дошол од Кукуш и учел во бугарското воено училиште. Нема потреба од спор, има потреба од читање и културен дијалог, а не политички расправии. Политичарите можат да се караат уште 200 години, од тоа никој не добива, напротив, губат граѓаните на Македонија. Според е глупав затоа што, земете ја Австрија и Германија, има ли спор меѓу Виена и Берлин на каков јазик зборуваат? Нема. А тоа и пречи ли на Австрија, кога зборуваат германски, да бидат суверена држава? Не и пречи, истакна Красимир Каракачанов.

На скандалозната изјава реагираа од Сојузот на Борци од Битола, кои велат дека не смее да се дозволи Каракачанов да зборува против македонските национални интереси.

Бараме да не му се овозможи да зборува тези кои не се национален интерес на нашиот народ. Секаде каде што оди проповеда дека сме бугарски Македонци, што не е вистина. Како Сокуз на борци креваме глас и сме против тоа.

Да не се користи демократијата во други цели, кои се спротивни на македонските национални интереси, рече Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...