Тој вели дека нашата држава има и многу други проблеми освен оние со Грција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 октомври, 2019 19:37

Караманлис најави блокада на Македонија за влез во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на Грција, Караманлис,  кој ја блокираше поканата на Македонија за НАТО во 2008 година, вчера во Солун изјави: “Во однос на Северна Македонија никој не треба да си замислува дека со потпишувањето на Договорот од Преспа автоматски се добива и билет за Европската Унија“.

Според Караманлис Грција можела и може да бара уште повеќе во врска со Македонија.

Тој вели дека нашата држава има и многу други проблеми освен оние со Грција.

Костас Караманлис беше шеф на грчката влада во периодот од 2004-2009 година

Во својот говор одржан вчера вечер пред “Асоцијацијата за македонски студии“, која прославуваше 80 години од постоењето, Караманлис истакна дека во следниот период за Грција постојат неколку важни предизвици. Еден од предизвиците е одбраната и промоцијата на грчкиот карактер на Македонија и на заштитата на комерцијалниот бренд на името.

Следниот предизвик според поранешниот грчки премиер е непостојаноста на САД, која “се одразува на битни прашања, како што се таканаречената Арапска пролет, контраверзните политики кон Сириското прашање, како и немањето на конзистентност на САД во нејзиниот однос кон Турција“.

Битно место во предизвиците за официјална Атина беше посветено на смислените и редовни провокации кои Турција и ги прави на Грција. “Нема сомнеж дека ние се соочуваме со директни и злонамерни ескалации од страна на Турција, од реката Еврос, па се до Кипар. Тоа се планирани и систематски ескалации. Но, сега барем знаеме каде се насочени стратешките потези на Анкара“, додаде Караманслис.

Минатото не научи дека Грција не смее да дозволи да потпадне на провокациите на Анкара, ниту смее да дозволи ситуација на свршен чин во однос на нејзиниот суверенитет. Затоа мораме постојано да бидеме во состојба на приправност и подготвеност, бидејќи да не се залажуваме, одбраната на грчките суверени права и на националниот интерес најмногу зависи од Грција, подвлече Караманлис, пренесува „Катимерини“.

Извор Инфомакс.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика