Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 17:27

Карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21 до понеделник до 05 часот?

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 до понеделник до 05 часот, дознава Фокус.

Според неофицијални информации до кои дојде Фокус, за другите градови ќе има полициски час од 16 до 05 часот.

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден најави дека го имаат предвид празникот и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.

– Сите опции се во игра – рече тогаш Филипче за Задушница.

Со оглед на тоа што бројките на заразени достигнаа оклу 100 на дневно ниво и на починати од 2 до 7, Комисијата за заразни болести на вонредниот состанок денес донесе таква одлука, за која последен збор ќе имаат на владина седница.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 492, бројката на оздравени пациенти е 1 605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести