Овој сет рестриктивни мерки Комисијата за заразни болести ќе го предложи до Владата во понеделник, поради секојдневното рушење на рекорди со бројот на новозаразени од Ковид 19.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 8:31

Караџовски: Ако не си помогнеме сами себе си, не можат да ни помогнат ни 500 доктори ниту 20 болници

Фото/Текст извор: ©сител/Магазин.мк

Ресторани, кафеани, сендвичарници, кладилници и останати економски субјекти нема да работат од 23 часот навечер до 5 часот изутрина. Забрана за одржување на секакви настани и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз.

Овој сет рестриктивни мерки Комисијата за заразни болести ќе го предложи до Владата во понеделник, поради секојдневното рушење на рекорди со бројот на новозаразени од Ковид 19.

Побараа од граѓаните да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат, во спротивно, може да дојде до преполнување на болничките капацитети и бројки од 1000 позитивни дневно. Иако имаат уште многу неисцрпени мерки кои им стојат на располагање, од Комисијата велат дека не можат да измислат епидемиолози и инфектолози кои треба да работат со болните.

„Во моментот само во франција има полициски час, во ниту една друга европска земја. Епидемиолошки гледано, кај нас, ако ништо не се почитува секако дека само тоа ни препостанува. Меѓутоа, ве молам и медиуми и население, самите ако не си помогнеме на себе, не може да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри, 20 болници, изјави др. Жарко Караџовски, претседател на Комисија за заразни болести..

Претседателот на Комисијата за заразни болести вели дека не е многу важно дали одреден субјект ќе работи до 22 или 23 часот и тоа оставаат да одлучи Владата.

Но потенцира дека главна цел е да ги спречат групирањата на младите кои изминатиот период за да бидат видени, оделе по журки и концерти непочитувајќи ги мерките за заштита. Но реагира и за неодговорноста на многупина, кои и покрај забраната правеле свадби со финти.

Воопшто не почитуваа мерки. Јас не видов ниту еден концерт каде младите џускаат и носат маски, вели Караџовски.

Здравствените власти велат дека есенскиот бран подрани и следниот период ќе биде тешко бидејќи амбулантите, покрај короната ќе ги полни и сезонскиот грип. Болничките капацитети се речиси исполнети а веќе ќе почне и системот со ротација на кадар од другите установи.

-Модуларната болница е целосно подготвена, но таму се уште немаме пациенти.Пристигнати се лекарите и медицинските сестри од другите клиники кои таму треба да работат, согласно договорот што вчера го направивме со директорите на здравствените установи, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Од денеска на помош на епидемиолозите во Институтот и центарот за јавно здравје во Скопје на помош се и студентите по медицина од 6 година, кои трерба да им помогнат во изгхотвување на анкетните прашалници и следењето на контактите на заразените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...