Караџовски воедно потсети дека вирусот е се уште присутен иако бројот на заболени од Ковид 19 е намален. Посочи и дека секој треба да одговорен и да мисли на здравјето на останатите, бидејќи како што вели на есен и во зимскиот период се очекува зголемен број на респираторни заболувања. Остро ги осудува тајните забави и собири и вели дека ниту младите не се имуни на вирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 септември, 2020 15:29

КАРАЏОВСКИ ГИ ОСУДИ ГРУПНИТЕ СОБИРИ И ЖУРКИ: Оставете нека се стабилизира состојбата, и другата година ќе бидете млади

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изјава за „360 степени“ шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски истакна дека тврдењата кои беа објавени од почетокот на пандемијата, дека за време на летото ќе се намали бројот на заболени, се сосема неточни и како што вели стручно неиздржани.

Караџовски воедно потсети дека вирусот е се уште присутен иако бројот на заболени од Ковид 19 е намален. Посочи и дека секој треба да одговорен и да мисли на здравјето на останатите, бидејќи како што вели на есен и во зимскиот период се очекува зголемен број на респираторни заболувања. Остро ги осудува тајните забави и собири и вели дека ниту младите не се имуни на вирусот.

„Колку свадби се имаат направено во тајност? Колку венчавки, матурски, родендени? Ова нека е поука за младите – вирусот не ги напаѓа само старите лица, тие лица ги носи на респиратор. Меѓутоа, младите, исто така, заболуваат со тешка симптоматологија, имавме немили сцени од деца и млади луѓе што починаа од 22 до 40 години“.Затоа, не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки. Оставете годинава нека помине, нека се стабилизира состојбата. И догодина ќе бидете млади. Внимавајте на своето здравје и не дозволувајте вирусот да влезе во вашата фамилија. Немојте да бидете себични и да размислувате само за вас“, вели Караџовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.