Членот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, вчера за ТВ21 потврди дека постои можност парламентарните избори да влијаат на зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во земјава. Имено тој посочи дека тоа ќе го дознаеме дури по седум дена.
Ваквиот одговор на Караџовски следеше вчера по рекордниот број на заболени, па реакциите беа дека сето тоа е резултат на гласањето на 15 јули.
– Скопје 73
– Куманово 10
– Дебар 1
– Штип 60
– Прилеп 5
– Тетово 32
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 3
– Охрид 2
– Гостивар 14
– Гевгелија 6
– Струмица 4
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 1
– Кочани 8
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Виница 1
– Кратово 1
– Свети Николе 5
– Кичево 2
Починаа 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.
– Скопје 40
– Битола 1
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Кичево 1
– Ресен 7
Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.