Според министерот за здравство, Венко Филипче, над 85% од оние што починале од или со коронавирусот, имале тешка форма на некоја друга хронична болест, односно коморбидитети!

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2020 15:39

Караџоски: Јас и мојата фамилија не сме корумпирани мафијаши- не се продаваме за ситни пари

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јас и мојата фамилија не сме корумпирани и не сме мафијаши, особено не се продаваме за ситни пари, рече доктор Караџовски на денешната прес конференција!

Владата ќе чека здравствениот систем да колабира за да воведе полициски час.

Вака најави првиот човек на Комисијата за заразни болести, Караџовски, кој рече дека според него од оптовареноста на болниците би зависело дали во земјата ќе има карантин.

„Мерките кои што сме ги предвиделе, четири плус три, тоа се седум мерки, се надевам дека утре крајно време е да се усвојат, дека имаме состојба слична на полициски час. Ако видиме дека и тоа не дава никакви резултати, односно ме прашувате до каде треба да одиме, дали некоја бројка ни е репер за нешто, што е тоа репер, здравствениот систем да колабира, или да имаме толку многу хоспитални случаи кои што не можеме да ги издржиме па да направиме нешто друго“, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Само мал процент, меѓу 2 и 4 отсто од сите заразени, завршуваат на болничко лекување- најчесто со воспаление на белите дробови или друг проблем. Еден отсто од заразените завршуваат на респиратор, вели епидемиологот.
Според министерот за здравство, Венко Филипче, над 85% од оние што починале од или со коронавирусот, имале тешка форма на некоја друга хронична болест, односно коморбидитети!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...