Какво е значењето на сопругите на луѓето кои извршуваат стресни и одговорни задачи, се прашавме пред да ја сретнеме Ана, сопруга на проф. д-р Јовев, откако првата срцева трансплантација кај нас веќе е сместена во историјата на македонското здравство!

Објавил: Владо Марин | 10 јуни, 2020 5:24

Кардиохирургот Јовев и сопругата Ана: Нè движи посебна синергија

Фото/Текст извор: ©Ж.магазин

Архитектката Ана Јовева е пријатна и креативна млада дама, со која можат да се водат долги и имагинативни муабети за сликарството, архитектурата, фотографијата, музиката, за глобалните трендови и локалните радости. Но, таа е и првата на која кардиохирургот проф. д-р. Сашко Јовев, раководител на тимот што ја изведе првата срцева трансплантација кај нас, и се јави во ноќта по историскиот зафат за да и соопшти: „Ана, новото срце чука!“.

Какво е значењето на сопругите на луѓето кои извршуваат стресни и одговорни задачи, се прашавме пред да ја сретнеме Ана, сопруга на проф. д-р Јовев, откако првата срцева трансплантација кај нас веќе е сместена во историјата на македонското здравство.

-Мојот сопруг подолго време се подготвуваше за ова, а јас како негова перманентна подршка, го очекував тоа, на некој начин. Но, кога ми кажа дека постои донор и пациент хоспитализиран на клиниката во крајно тешка состојба, знаев дека веќе нема назад. Првото чувство кое ме обзема беше екстремната одговорност која се исправи пред мојот сопруг и нашето семејство. Тој го изведе зафатот, ама сите посредно учествувавме. Не е баш дека ова ни беше прво чувство на сериозна одговорност, но беше нешто навистина посебно. Би сакала јавно да го изразам моето сочуство до семејството Диневи и да изразам почит за нивниот хуман гест – вели Ана.

Многу труд, знаење, ентузијазам и адреналин се вложени во овој историски зафат. „Вредеше“ е веројатно недоволно соодветен глагол за да се опише сè што доведе до успешна завршница на првата срцева трансплантација.

-Напротив, „вредеше“ е многу едноставен, а силен и непобитен глагол – хируршки прецизно коментира др. Јовев, кој поддршката на Ана во целиот овој процес ја опишува како „безрезервна, пожртвувана, мудра и силна“.

Како архитект, инжинер и дизајнер со повеќе менаџерски позиции зад себе во неколку земји, каде што Јовеви ги одвеле професионалните патишта, Ана има 20-ина години искуство во изградбата и уредувањето на повеќе јавни објекти на Блискиот Исток и во Европа. Живееле во Кувајт, Израел, Швајцарија, Германија… Сашко стекнал две специјализации за кардио и торакална хирургија, а Ана работела како консултант и експерт за изградба, пред сè, на болници.

-Имав среќа да работам во познати светски реномирани компании, како Alghanim International во соработка со корејската SAMOO Architects and Engineers во Кувајт и да бидам еден од тимот инженери за дизајн и изведба на супермодерни болници, искуство кое за жал, некако не можам да го искористам овде – раскажува Ана.

 

Ова искуство во странство некако природно ја продолжува нејзината професионална кариера започната, по дипломирањето на Архитектонскиот факултет и магистериумот на Американ колеџ, со изведбата на болницата „Ремедика“ во Скопје.

-Постојано се надополнувавме во нашите амбиции. Секогаш амбициите и успехот на Сашко беа поголема мотивација за мене, да го поддржам и неговите амбиции да ми бидат патоказ и мотив за реализација на моите професионални цели. Тоа беше посебна синергија. Таа енергија, ако еднаш ја доживеете и разберете како клуч за сите бариери, е единствено решение и водилка да се направи вистинското. Таа ме фокусираше да откријам што е важно и приоритетно во дадени моменти, креирајќи ја нашата иднина и цели. Низ нашиот живот имав јасни и чисти витални одлуки за кои верував дека ќе вродат со плод. Ние некако заедно растевме. И зафатот е само одговор на долгогодишниот пат кој го изодевме на секое ниво – раскажува Ана.

Денес Сашко и Ана се сопственици на респектирачки лични кариери и родители на 11-годишна ќерка. Нивната заедничка приказна е исткаена од љубов и поддршка, разбирање и толеранција. Каде се среќаваат архитектурата на Ана и кардихирургијата на Сашко?

Во инвентивноста. Во потребата да си вљубен во нив. Во специфичноста и комплексноста. Во убавината. Во резултатот кој е видлив. Во трудот кој треба да се вложи. Во вештините и искуството. Во уметноста, набројува Ана.
За разлика од неа, др. Јовев е поконцизен во својата споредба.

-Обете професии имаат хуман карактер. Се среќаваат во желбата за творење, во прецизноста и софистицираноста во изразот – вели тој.

А желбата за творење не е исцрпена само со архитектурата како професионален предизвик на Ана. Таа посветено се занимава и со фотографија. Со нејзиниот објектив регистрира архитектура, животни предизвици, патувачки искуства, а успешноста на оваа нејзина пасија е потврдена и со неколку меѓународни награди.

– Би ги издвоила наградата на ND Mmagazine, bronze star awards и Fine Art Photography Awards. Успеав да станам редовен член, а потоа и стандард  директор  на Photography Society of America worldwide за нашиот регион. И тоа е вид на награда – се смешка Ана.

Оваа убава приказна за важноста на поддршката и заедништвото, значајни исто толку колку и слободата во изборот на личните цели, ја завршуваме со трик-прашање за Ана. Дали со сопруг – кардиохирург, понекогаш стравува од скршено срце?

-Се разбира не. Напротив, нашите срца се секогаш полни со љубов.

Трик-прашањето за др. Јовев гласи: како го прима наеднаш зголемениот интерес на јавноста за лекарската фела?

-Конечно се поправа една за нас историска неправда. Конечно заслуга добиваат оние кои треба да ја добијат.

Јасна Франговска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...