Дел Понте во интервју за швајцарскиот лист Švajc am Vohenende рече дека турската интервенција го прекршила мешународното право во Сирија, пренесува Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 27 октомври, 2019 0:03

Карла Дел Понте бара Ердоган да се обвини за воени злосторства: Неверојатно е да може да ја нападне Сирија и да ги уништи Курдите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бившата главна обвинителка на Хашкиот суд Карла дел Понте, тврди дека против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган би требало да се подигне истрага и да се обвини за воени злосторства, поради офанзивата на неговата земја во Сирија.

Дел Понте во интервју за швајцарскиот лист Švajc am Vohenende рече дека турската интервенција го прекршила мешународното право во Сирија, пренесува Ројтерс.

Анкара тврди дека целта на нивниот напад, што започна откако американските трупи се повлекоа од сириско-турската граница, се исклучиво курдските сили кои Турците ги сметаат за терористи поврзани со курдските бунтовници кои дејствуваат во југоисточна Турција.

„Неверојатно е што Ердоган може да ја нападне сириската територија за да ги уништи Курдите.“, рече Дел Понте, поранешен јавен обвинител на Швајцарија, кој ги гонеше воените злосторници во Руанда и поранешна Југославија.

Би требало да се отвори истрага против него и тој треба да биде обвинет за воени злосторства. Не би требало да се дозволи да се извлече без казна, рече Дел Понте.

Дел Понте беше член на истражната комисија за злосторствата во Сирија од 2012 до 2017 година , која поднесе оставка, тврдејќи дека нема политичка поддршка од Советот за безбедност на ООН за процесот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.