Карлеуша прв пат искочи од својот дом по смртта на мајка си и била видно расположена

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 11:53

Карлеуша конечно излегла од дома- отишла на сплав и сите ги изненадила со однесувањето

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Откако почина нејзината мајка, Јелена Карлеуша потполно се повлече од медиумите и цело време беше со својот сопруг Душко и семејството далеку од очите на јавноста.

Таа викендов, во саботата, за прв пат излегла од својот дом, најпрво го посетила гробот на својата мајка, а потоа сончевото време го поминала на ручек со тетка си Даниела, братот Марко и пријателите.

Иако носела големи црни очила и баретка Јелена не можла да им побегне на погледите на фановите кои ведна ја препознале

-Јелена секој ден е подобро и подобро, а подршката од нејзините најблиски пријатели, сопругот Душко и ќерките и е најважна. Првите неколку денови после смрта на нејзината мајка, таа не стануваше од кревет, одбиваше да јади и некако не можеше да се помири со фактот дека повеќе ја нема нејзината мајка, открива извор близок до пејачката. Најмногу ја врати во живот фактот дека и таа самата е мајка и што им е потребна на своите деца. Јелена единствено од одмот излегуваше кога одеше на гробот на мајка си, и ништо друго не ја интересирало.

Она што сите ги изненадило но и израдувало било тоа што Јелена за прв пат по смртта на мајка си била многу расположена

Меѓутоа сите ги изненади кога одлучила во саботата да отиде на ручек на сплавот кој често пати го посетувала, открива извор близок на пејачката, и вели дека нејзините пријатели биле пресреќни кога Јелена ги побарала за ручек.

Цело време додека бие на ручек го имала главниот збор, се смеела, кажувала шеги па дури и започнала разговор за работа. Меѓу првите пријателки кои си заминале била Јована и тетка и Даниела, а Јелена останала во машко друштво да ужива се додек ане зајде сонцето.

По ручекот, пејачката нарачала и десерт, а нејзиниот брат Марко искоментирал дека конечно сестра му се враќа во нормала, штом порачала и десерт,вели изворот.

Она што нејзиниот семејство особено го загрижуваше беше нејзиното здравје, бидејќи Јелена воопшто не јадела и до сега ослабела 10 килограми. Првие денови Јелена пиела само вода и лекови за смирување за да може да спие. Пејачката и самата била загрижена за себе и своето здравје, но сега конечно успеала да се избори со себеси и да започне со стариот начин на живот бидејќи им е потребна на ќерките Атина и Ника.

 

 

 
 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.