Дивна не поседувала големо богатство на свое име, но за сега е познато дека има една голема куќа во кој живееше целиот свој живот.

Објавил: Перо Милчин | 10 март, 2019 12:58

МИСТЕРИЈА ! Карлеуша нема да го добие наследството од мајка си ?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дивна Карлеуша изјавила дека Јелена и Душко имаат доволно за себе, и со неговото богатство тие ги осигурале своите животи. Кога ќе се отвори тестаментот ќе се дознае на кому ќе му припадне целото богатство.

Иако поминаа само седум дена од смртта на радио водителката и новинарка Дивна Карлеуша и мајка на српската пејачка Јелена Карлеуша, на ред дојде прашањето на кому ќе му припадне наследството од радио водителката?

Дивна не поседувала големо богатство на свое име, но за сега е познато дека има една голема куќа во кој живееше целиот свој живот.

Јелена Карлеуша, заедно со нејзината мајка Дивна.

Таа куќа сакала да ја остави на своите внуки Атина и Ника Тошиќ, но за сега не е познато на кому точно ќе припадне куќата, но додека била жива таа зборувала дека дел од нејзиното богатство сака да наследи и нејзиниот внук од сестра.

Дивна и Јелена беа многу блиски како мајка и ќерка, но Дивна знаела дека на својата ќерка нема да и треба поголемо наследство бидејќи долги години е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ, кој моментално игра за Кинеската репрезентација.

Од кога Јелена дознала дека нејзината мајка е болна , ги контактирала најдобрите болници во светот, и како што зборуваат блиски на семејството, Јелена никогаш не прашувала за цена.

Радио водителката Дивна Карлеуша почина пред седум дена на 61 годишна возраст, после тешко боледување. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести