Инаку Дивна беше познат новинар и мајка на Јелена Карлеша. Дивна Карлеуша, почина во нејзиниот стан на 61 година на 3ти март годинава. Ненадејната смрт ги потресе сите. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 2:10

Карлеуша остана без ништо: Пејачката нема да добие наследство од покојната мајка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По смртта на мајка си, познатата пејачка Јелена Карлеуша долго време беше во болка и голема тага. Фановите беа загрижени за нејзината здравствена состојба, бидејќи за само две недели пејачката симна 10 килограми, а многумина велеа дека постојано пие лекови а не јаде ништо, со што го нарушува своето здравје.

Една од последните заеднички фотографии на Дивна и Јелена

Српски „Ало“, објави дека во тестаментот на Дивна Карлеуша, не е наведена Јелена како наследничка на она што таа го поседувала, односно била исклучена од наследството. Како што објави весникот, Дивна решила куќата да им ја препише на ќерките на пејачката, Ника и Атина Тошиќ, бидејќи и додека била жива цело време зборувала дека сакала нејзините внуки да бидат наследнички, бидејќи беше многу приврзана за нив.

Инаку Дивна беше познат новинар и мајка на Јелена Карлеша. Дивна Карлеуша, почина во нејзиниот стан на 61 година на 3ти март годинава. Ненадејната смрт ги потресе сите. 

Она што многумина не знаека дека Дивна Карлеуша се бореше со сериозни здравствени проблеми, така во 2016 година таа беше примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови. Но на жалост таа се јавила на лекар дури тогаш кога почнала да искашлува крв. Од тогаш биле извршени бројни прегледи кога  започнала  и нејзината борба за живот. Јелена Карлеушва не сакала овие податоци да се објават и тоа вешто го криеле од јавноста со надеж дека еден ден ќе се изборат и нема да има потреба за тоа. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.