Денеска Јелена не издржа и повторно ја врати црнината.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2019 18:47

Карлеуша повторно се врати на црнината- погледнете што правеше денес на гробот на Дивна

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поп дивата Јелена Карлеуша, на 3 март ја изгуби својата мајка Дивна, и се уште не може да се совземе по нејзината смрт.Иако вчера таа се појави на снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“ и фановите мислеа дека Јелена се опоравува изгледа не е така.

Пејачката вчера ги изненади сите откако ја тргна црнината, и на снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“ се појави во црно бел атрактивен фустан, во кој можеше да се забележи дека е значително ослабена. Инаку српските медиуми објавија дека за време на снимањето Јелена не ги тргнала темните очила, а кон кандидатите била доста остра. Иако се чинеше дека Јелена се враќа на старо, сепак изгледа не е така. Денеска таа не издржа и повторно ја врати црнината. Пејачката и ова утро облечена во црно од глава до пети, замина на гробот на својата мајка.

Јелена Карлеуша сама го чисти гробот на својата покојна мајка Дивна

Јелена заедно со својата најголема поддршка, тетка и Даниела која е сестра на Дивна го посетија нејзиниот гроб.

Јелена Карлеуша, секојдневно го посетува гробот на својата мајка, но денес таа седела подолго од вообичаено. Постојано плачела а во еден момент станала и започнала да го чисти гробот на Дивна.

Дивна инаку почина по долгата болест. Фановите на Јелена останаа во неверување бидејќи пејачката решила сама го чисти гробот на својата мајка по што и упатија охрабрувачки пораки.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.