Според српски „Курир“, Боки бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша.

Објавил: Весна Петровска | 13 август, 2019 13:49

КАРЛЕУША СЕ ОГЛАСИ ЗА БОКИ 13: Тој е жртвено јагне на многу посериозна група луѓе

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако српскиот Курир објави вест дека Бојан Јовановски познат како Боки 13 рекетирал поради балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, пејачката реши да да ги демантира информациите и дополни дека сето тоа е чиста глупост.

Српските медиуми наголемо пишуваат за Боки 13

„Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот. Многу ми е жал за сè што се случува и се надевам дека Бојан ќе има јасна и цврста одбрана на своето име. Туку никој не е ни луд ни глупав, јасно е дека работите не се такви како што изгледаат и дека Бојан е жртвено јагне на многу посериозна група луѓе. Се надевам дека ќе има фер судење“, рече Карлеуша во изјавата за Репортер.

Инаку, според српски „Курир“, кој се повика на свој неименуван „извор“, Боки во повеќе наврати позајмувал поголеми суми пари од Карлеуша, а кога кариерата му тргнала низбрдо и западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.

Според српски „Курир“, Боки бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.