Јелена Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во атрактивно издание.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2019 22:46

Карлеуша се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“-ги изненади сите со стајлингот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Познатата пејачка Јелена Карлеуша по смртта на својата мајка се тргна од медиумскиот свет, но денеска за изненадување на фановите, таа се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“. 

Иако Јелена одлучи неколку месеци да се повлече од очите на јавноста, сепак директорот на Гранд ја натера да се врати што побрзо.

Јелена за прв пат по смртта на мајка си се враќа пред очите на јавноста, и тоа без црнина…

Пејачката денеска ја пречекаа новинари од сите медиуми кои видно изненадени ја пренесоа веста дека пејачката ја тргнала црнината. Јелена на снимањето дојде во атрактивно издание како и секогаш. Таа носеше црно-бел фустан со бели чизми, а исто така сите забележаа дека пејачката изгубила и неколку килограми.

Јелена викендов беше на ручек со своите пријатели, а извор близок до пејачката изјави дека 20 дена пејачката не јадела ништо, пиела само вода и лекови за смирување, за д аможе да заспие, и поради тоа ослабела дур 10 килограми. Изворот откри дека Јелена конечно се свестила дека и таа самата е мајка и мора да биде посветена на своите ќерки. Инаку пејачката по смртта на мајка си беше во тешка состојба а нејзините фанови беа загрижени за здравјето на пејачката. Најголема поддршка на Јелена во овој тежок момент беше нејзиниот сопруг Душко, кој воопшто не се делеше од пејачката и нејзината тетка Даниела. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.