Билд со контрадикторна изјава во која ја осудува опцијата за поделба на територии но и став дека ако се одделат српските енички чисти села ќе се овозможи признавање на Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 13:57

Карл Билд: “Идејата за размена на територии ја подржуваат и Србија и Косово но е опасна и практична”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Карл Билд шведски дипломат и член на групата “Охрид” која е промовирана од Шекеринска и Пендаровски како неформална група што ја сочинуваат актуелни и поранешни и политичари и високи меѓународни претставници а формирана во април годинава за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ со промена на името и негирање на идентитетот со ставови и за размена на територии на Косово.

Билд кој во 90-тите години од минатиот век беше меѓународен посредник за проблемите на Балканот вели дека ваква идеја е многу опасна дури како што ја нарекува,катастрофална и ќе предизвика движење на  популацијата.

“Кога станува збор за иднината на Балканот дискурсот забавува со предлагање нови поделби во регионот – рецепт за геополитичка нестабилност. Српските и албанските лидери ја испитуваа можноста за решавање на нивните разлики со користење на размена на територии. Идејата за класификација на поделбите преку размена на територии веќе неколку години циркулира во Белград но во последно време се вовлекла и во главните албански кругови.” – смета Билд.

Идејата според него воопшто не е нова во минатото беше опасна и останува така во сегашноста. Поранешниот лидер на Србија Слободан Милошевиќ и хрватскиот водач Фрањо Туѓман во почетокот на 1990-тите се договорија меѓусебно да ја поделат Босна но Меѓународната реакција ги стопираше тие планови.

“Состојбата на Косово останува едно од најтешките прашања во регионот. Тоа не беше решено ни со интервенцијата на НАТО во 1999 година ниту пак со независноста во 2008 година како независна држава и признаена од голем број нации. Се додека нема нормализација на односите меѓу Србија и Косово прашањето ќе го ограничи потенцијалот на двете земји и стабилноста на регионот. Затоа идејата за нови територијални поделби повторно се појави. Може да има различни верзии на такви сценарија. Косово може да ја напушти областа северно од реката Ибар населена речиси целосно од Срби а потоа да добие дипломатско признавање а можеби да добие и некои локалитети во јужна Србија.” – наведува Билд.

Српскиот претседател Александар Вучиќ размислува по овие линии а и албанскиот премиер Еди Рама додава Билд исто така беше отворен за таа опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.