БЕСА и Алијанса за Албанците децидни, ќе се потврди Албанскиот јазик како државотворен и албанците во Северна Македонија мора да бидат народ, заедно со Северномакедонскиот

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 7:13

Касами и Села ја условија својата поддршка со нови амандмани

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Само Беса на Билал Касами јавно потврди дека кон уставните амандмани за Договорот од Преспа ќе приложи и свои амандмани за унапредување на албанските позиции во државава, откако Собранието ја почна процедурата за промена на Уставот.

Беса е можно и да ја услови својата натамошна поддршка на уставните амандмани доколку дел од промената на Уставот не бидат и нивните барања.

Алијансата на Албанците на Зијадин Села засега не потврдува дали ќе поднесе свои амандмани иако претходно јавно порача дека кон пакет амандманите за името ќе имаат и свои.

Наспроти опозициските Беса и Алијанса за Албанците, владеачките ДУИ, Беса на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи се на ставот дека приоритет за државата во овој момент е решавањето на спорот за името и нема да го условуваат процесот со албанското прашање.

Пратеникот на опозициската Беса, Фадил Зендели изјави дека партијата го поддржала Договорот од Преспа и дека биле дел од мнозинството од 80 пратеници кои дале виза да почне постапката за носење на одлуката за иницирање на уставните измени.

Сметаме дека е важен чекор за државата да се трансформира во демократско општество каде ќе бидат сочувани и интегрирани европските вредности. Ние навестивме дека ќе бидеме дел од дебатата за уставните измени, но и дека ќе интервенираме со наши амандмани, кои ги засегаат правата на Албанците.

Не дека го искористуваме овој момент, но 28 години по осамостојувањето на Македонија, сметаме дека е долг период и правата на Албанците не може и натаму да бидат одолговлекувани и оставени за некои поубави времиња. Во овој момент се отвора Уставот и сметаме дека е време некои од овие политички теми да бидат дел од дебатата и да се усвојат, за да може некои од овие прашања да се решат. Албанскиот јазик не може да биде дел од проценти, туку албански јазик. – рече Зендели.

Беса бара албанскиот да биде службен јазик и да не биде наведен како јазик на 20 проценти, туку како албански.

Села бараше во Договорот од Преспа, за националноста, во патните исправи, каде што стои Македонци – граѓани на Република Северна Македонија, да стои Албанци – граѓани на Република Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.