Со изборот на заменик претседател, додаде тој, партијата го зајакнува раководство со што се подготвува и понатаму да се бори за правата на Албанците и на сите граѓани кои имаат потреба од нивната поддршка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 март, 2022 18:04

Касами останува лидер на БЕСА

Фото/Текст извор: ©тв 21

Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето БЕСА. Новина од Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје е изборот за првпат на заменик претседател на БЕСА, на која позиција, како што изјави за медиумите Касами, е избран досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа. Касами немал противкандидат за лидерската позиција.

– За мене тоа е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда, рече Касами.

Со изборот на заменик претседател, додаде тој, партијата го зајакнува раководство со што се подготвува и понатаму да се бори за правата на Албанците и на сите граѓани кои имаат потреба од нивната поддршка.

Ние докажавме дека иако имавме многу проблеми со кои се соочивме во минатото дека не потклекнуваме и не запираме, туку продолжуваме уште посилно напред. Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Ова особено после последните случувања во Украина, за кои ние сме убедени дека посилно треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина и подобри услови за нашите граѓани, порача Касами.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.