„Од тој момент оценувам дека дотичниот пратеник не е член и заменик на Движењето БЕСА, согласно одлуката што ја донесов како претседател на оваа партија и ваквата состојба ќе остане сѐ додека остануваат аргументите и факторите – дека на дотичниот пратеник му е забрането и спречено да гласа согласно потписот што го дал“, рече Касами

Објавил: Перо Милчин | 17 ноември, 2021 7:27

Кастриот Реџепи отстранет од БЕСА

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на Движењето БЕСА, сега и градоначалник на Тетово, Билал Касами, вели дека пратеникот Кастриот Реџепи останува исклучен од партијата, бидејќи според него има аргументи кои не му дозволиле на пратеникот да гласа за уривање на Владата.

„Од тој момент оценувам дека дотичниот пратеник не е член и заменик на Движењето БЕСА, согласно одлуката што ја донесов како претседател на оваа партија и ваквата состојба ќе остане сѐ додека остануваат аргументите и факторите – дека на дотичниот пратеник му е забрането и спречено да гласа согласно потписот што го дал“, рече Касами!

Пратеникот на Беса кој не дојде на собраниската седница за доверба на владата, Кастриот Реџепи вели дека „пресекол во корист на државата“. 

Срцето и умот ти велат дека некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината. Овој пат тоа бев јас. Се надевам дека во наредните денови разумот ќе преовладее“, порача денеска пратеникот Кастриот Реџепи на прес-конференција во Собрането, која што предизвика голем интерес во јавноста. Тој пред медиумите објаснуваше што се случувало критичниот ден во четвртокот кога требаше да се гласа доверба на Владата, а тој не се појави на собраниската седница, со што ги помати сметките на опозицијата. Обелодени дека на мобилниот телефон добил пораки со закани за живот, но не откри од кого. Пораките се пријавени во надлежните институциии, а имал и притисоци по одлуката да не се појави во Собранието на денот на гласање. Потврди дека за неговата безбедност се грижи обезбедување, но дека тоа му било доделено по проценка на надлежните, а не на негово барање. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.