12 лица биле повредени при потресот, а засега 45 лица се хоспитализирани. Ова се првични бројки кои беа соопштени од управата за катастрофи и вонредни состојби на Турција.

Објавил: admin@magazin | 24 јануари, 2020 23:09

Катастрофален земјотрес ја погоди Турција: Урнати згради, загинаа 14 лица, 300 повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихеторовата скала ја погоди источна Турицја, додека епицентарот бил во Елазиг.

Според турските медиуми досега бројот на повредени луѓе се искачи на 300.
Во земјотресот кој вечерва ја погоди Турција, лоши вести доаѓаат од градот Елазиг, каде досега се регистрирани 14 жртви.

Моментално медиумските екипи се на терен, секој канал во Турција емитува отворено вонредно студио.

На последната прес конференција на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби беше изјавено дека бројката на загинати во земјотресот се искачи на 14 лица.

Длабочината e измерена на 10 километри од страна на ЕМСЦ, а бил доволно силен за луѓето да истрчаат надвор за да се засолнат, пренесуваат локалните медиуми.

Како што јавија турските медиуми најмалку четири или пет згради се урнале во Сивриџе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...