Ако се анализираат овие бројки за сите десет години наназад, излегува дека 2018 година е најлоша по овој показател.

Објавил: Перо Милчин | 26 јануари, 2019 19:32

Катастрофа : Во 2018 година инвестициите во Македонија се најмали во последните десет години

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Владата предводена од Зоран Заев, успеа да потроши само 65 проценти од планираните пари за капитални инвестиции во 2018 година. Конечните податоци се објавени денеска и според нив, од ланскиот буџет биле потрошени 197 милиони евра или најмалку во последните десет години.

Владата за 2018 година од прво предвиде да потроши за капитални расходи 391 милион евра, а потоа со ребалансот оваа сума ја намали на 301 милион евра.
Од овие пари реализирани како капитални трошења се само 65 проценти или околу 197 милиони евра.

Ако не се направеше ребаланс на буџетот на нивото на реализирани  инвестиции ќе изнесуваше 50 проценти.
Ако се анализираат овие бројки за сите десет години наназад, излегува во случајот дека 2018 година е најлоша по овој показател.
Во 2017 година за инвестиции се потрошени 323 милиони евра, а во 2016 година сумата е 276 милиони евра а во 2015 година за трошоци биле потрошени  околу 303 милиони евра.
Сумата во 2014 година изнесува 286,5 милиони евра, во 2013 година е 270 милиони евра, додека во 2012 година капиталните трошоци се 305 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...