Имено денешната објава на Пандов се однесува на денешната објава на поранешниот премиер Никола Груевски во која тој вели дека Катица Јанева му се заканила на Заев ,,Друже Заев, ако одам јас, ќе одиш и ти''.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 20:16

“Кате животот е тркало, во еден момент им се мочаш на глава, а во друг фаќаш мувла во Шутка”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Пандов веќе подолг период објавува сатуси наменети за сега веќе поранешната обвинителна Катица Јанева која се наоша во затворот во Шутка како трето осомничена за случајот Рекет.

Имено денешната објава на Пандов се однесува на денешната објава на поранешниот премиер Никола Груевски во која тој вели дека Катица Јанева му се заканила на Заев ,,Друже Заев, ако одам јас, ќе одиш и ти”.

Драга моја Кате. Го читав последниот статус на Груевски, во кој тој меѓудругото пишува делови од твоја тајна средба со Заев во Влада. Мене она што ми падна во очи, а како гледам и нему, е твојот одговор на Заевата ,,непристојна понуда” со зборовите: ,,Друже Заев, ако одам јас, ќе одиш и ти”. Негова, а и општа констатација е, дека засега од кажаново нема ништо.

Фејсбук објава на Александар Пандов

Ти можеш и понатаму да молчиш за вмешаноста на Заев и СДСМ во рекетирањето, но да те потсетам дека кога Рускоска почна да ве апси Боки и Зоки беа првообвинети, а ти беше трета. Еве ти си екс обвинителка, башка специјална, па подобро ги разбираш овие работи, ама мене ми е тотално нелогично второ обвинетиот да е пуштен да се брани од дома, а тебе не те пушта Вилма! Што мислиш до што е работата? Несомнено неговиот адвокат Александар Новаковски е 10 класи подобар од твојана Фрчковска, ама мислам дека не е само до тоа! А не треба да ти кажувам дека друго е од дома да се браниш, друго е кога од келија те спроведуваат со лисици, пишува Пандов.

Животот Кате е тркало, во еден момент им се мочаш на глава и се иживуваш врз недолжни луѓе и нивните семејства, во друг момент си лежиш на плажа и од испотена грч ладна чаша си цицаш мохито, при што со сламката си ги вадиш лимончињата да ги доишмукаш, додека азијатка ти ја масира главата, а ти со прстињата на нозете си црташ срциња на песокот, но во трет момент човек ако нема мозок во глава и се дружи со ликови како Боки Тредичи, Шеќеринска и Заев може да заглави ко тебе! На крај на краиштата, ти и Боки сте внатре и фаќате мувла како единствено обвинети за Рекет (Ден си е во Рекет 2), а Рада и Зоки се ,,свети крави” и си уживаат на слобода.

П.С. Деновиве ќе се видам со Еско кафе да пијам и ќе му дадам една тегла ајвар и тегла лутеница. Те молам не претерувај со леб, стои во објавата на Пандов на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...