Фрчкоска вчера за медиумите истакна дека е влошена здравствената состојба на Јанева и дека како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 11:33

Катица бара слобода а ќе гарантира со имот- становите во Скопје се на децата, таа има имот во Гевгелија, а за четири години се збогатила дупло

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Адвокатка Ирена Фрчкоска вчера најави барање за укинување на притворот за специјалната обвинителка Катица Јанева која во моментот се наоѓа на 30 дневен притвор во затворот Шутка, а деновиве и истекува притворот.

Фрчкоска вчера за медиумите истакна дека е влошена здравствената состојба на Јанева и дека како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

Но за каков имот станува збор и што поседува во анкетниот лист, притворената Јанева?

Според податоците кои се објавени, таа како личен имот има земјоделско земјиште, куќа и плац во Гевгелија и во околината. Во регистарот стојат и двата стана во Скопје, едниот 72 квадратни метри, другиот 68 квадрати, но тие се наведени како имот на децата.

Друг недвижен имот Катица Јанева не поседува.

Катица Јанева поседува неколку автомобили, од кои на нејзино име е прикажан Ровер 45 од 2001 година. Автомобилот марка Ауди А6 и автомобилот Голф 4 се пријавени како возила за кои стои дека се имот на деца. Јанева поседува и Хингај за кој е напишано дека е имот на брачен другар.

Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добивала од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.

Јанева во листот има наведено дека има неколку депозити во банки. Јанева пријавила и неколку кредити.

Според официјалната состојба пријавена во Антикорупциска комисија, Катица Јанева сега тежи (официјално) 29.305.440 денари = 476.511 евра (без кредити, односно долгови и картички).

Според анализата која ја објави Вечер, тоа е дупло повеќе споредено 2015 година, кога Јанева пријавила имот од 250.000 евра во анкетниот лист.

Според ова Јанева за 4 години, заработила дупло, без да пријави скапи патувања, и подароци од брендот Луи Витон, бунди Фенди подарок од Боки, скап намештај кој беше одземен од нејзиниот дом и кеш од Боки 13 за себе.

Кој знае што се има ставено на име на нејзините родители, сестра, а што добиле нејзините деца, особено синот Лазар Јанев, кој беше шеф на правна и маркетинг служба во 1ТВ и како таков, е потписник на договорите за Рекет, пишува Вечер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.