На следното рочиште, на 7 мај, одбрана со свое сведочење ќе дава Јовановски. До изрекување на пресудата одбрана ќе треба да даде и Јанева, а потоа и странките да дадат завршни зборови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2020 15:09

Катица Јанева го тужела Боки 13 за неовластено снимање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева поднела кривична пријава против првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски.

Според нејзините адвокати, се работи за нелегално снимање и фотографирање, материјал пронајден во мобилниот на Боки 13. Пријавата била поднесена на 12 март годинава а денеска во судницата беа презентирани фотографии и снимки како Катица Јанева седи во својот дом, а на масичката пред неа има снопче со пари.

Таа е поднесена на 12 март годинава односно, како што велат адвокатите, откако во судница беа презентирани фотографии и снимки како Катица Јанева седи во нејзиниот дом, а на масичката пред неа има снопче со пари.

Таа е поднесена на 12 март годинава односно, како што велат адвокатите, откако во судница беа презентирани фотографии и снимки како Катица Јанева седи во нејзиниот дом, а на масичката пред неа има снопче со пари.

„Ние не ги понудивме во почетокот на постапката затоа што сметавме дека тоа ќе произлезе од вештачењето на мобилниот телефон. Побаравме да биде извештачен телефонот од наш технички советник. И кога не го даде обвинителот тоа, побаравме судот да му нареди. Судот тоа го одби. Имате сослушување на ИТ техничар којшто вели јас не сум вешто лице, не сум го извештачил телефонот“, вели Сашко Дукоски, адвокат на Боки 13.

Овој доказ, рекоа нејзините адвокати, го презентираат бидејќи станува збор за неовластено снимени материјали, што е кривично дело.

Јанева презентираше и извод од трансакциска сметка на нејзиниот татко за да докаже дека неговото лекување во „Систина“ било платено, како и неколку документи поврзани со издавањето на времениот пасош на Орце Камчев, како што се барања, мислења од обвинителството и решенија од судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести