Како што објави порталот Катица Јанева, преку истражител во обвинителството дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и обвинителите. Порталот пренесува дека ваквата наредба на Јанева следувала откако таа добила покана за распит од Вилма Русковска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 август, 2019 14:53

Катица Јанева дала наредба за претреси на сите обвнители во СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катица Јанева, шефицата на СЈО во оставка денеска дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, објави А1 он.

Катица Јанева на 15 јули даде неотповиклива оставка

Како што објави порталот Катица Јанева, преку истражител во обвинителството дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и обвинителите. Порталот пренесува дека ваквата наредба на Јанева следувала откако таа добила покана за распит од Вилма Русковска.

Извори за порталот изјавиле дека ваквата новост не им била соопштена на обвинителите и останатите вработени, а Јанева ја донела одлуката денес а вработените дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева, објави  „А1он“.

Вработените се шокирани и револтирани од ваквата наредба а дел од нив сметаат дека ова е притисок, бидејќи ваквата одлука била донесена по добиената покана Јанева да се јави во ОЈО на распит, но и откако обвинителката Лиле Стефанова веќе даде исказ пред јавен обвинител.

Целата сторија прочитајте ја на А1 он.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести