Разговорот почнува откако Боки 13 и ѕвони на Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик. Тогаш разговорот го почува Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.

Објавил: Перо Милчин | 9 август, 2019 13:25

КАТИЦА ЈАНЕВА ПУКАЛА СО ПИШТОЛ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Третиот од аудио записите што ги објави италијанскиот весник Ла Верита, открива дека Боки 13 му вели на бизнисменот Орце Камчев дека не успева да ја добие специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на телефон, бидејќи, како што вели на аудио снимката, пукала со пиштол.

Објавениот разговор започнува откако Боки 13 и ѕвони на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик.

Разговорот го започнува бизнисменот Орце Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.

„И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби пука се уште“, вели Боки 13.
„Што да пука“, прашува Камчев.
„Пука денеска“, одговара Боки 13. „Кај пука?“, заинтересирано прашува Камчев.
„Со пиштол“, вели Боки 13. „Не те разбирам“, враќа Камчев.
„Со пиштол пука, па да не не слуша поради тоа, Катица“, вели Боки 13
„Кај пука, она пука“, повторно прашува Камчев. „Аха“, вели Боки 13.
„На стрелиште?“, вели Камчев. „Да бе“, вели Боки 13. „Не ме заебавај“, враќа Камчев.
„Не те заебавам“, вели Боки 13 „На стрелиште пукаат?“, повторно прашува Камчев. Камчев се смее, по што му се обраќа на Зоки Милевски, познат како Зоки Кически.
„Ти си знаел за оваа работа?“, му вели Камчев на Кически, по што добива одговор „Не“. „Да, еднаш неделно“, вели Боки 13.
Зоки Кически и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинителите од СЈО?“ „Носат пиштоли во нив?“, прашува заинтересирано Кически.
„Да“, им одговара Боки 13. „Во ташна“, прашува Камчев.
„Во Камник и ќе си седнат после на лапачка“, констатира Камчев. „Тоа не е тешка работа“, вели Кически.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести