По 11 дена откако ја најави, Јанева не ја испратила оставката до Советот на обвинители кој треба да ја верификува. шефицата даде услов дека ќе го напушти СЈО кога ќе изберат нејзин наследник, што најверојатно ќе се поклопи со терминот кога всушност и истекува мандатот 15 септември. Патем порача и дека се повлекува за да не влијае на истрагата Рекет. Ова прашање е реторичко велат невладините кои и самите се зачудени условената оставка.

Објавил: Весна Петровска | 26 јули, 2019 19:23

Катица Јанева се уште ја нема поднесено оставката

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Шефицата на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева се уште ја нема испратено оставката до обвинителството, објави ТВ 24.

По 11 дена откако ја најави, Јанева не ја испратила оставката до Советот на обвинители кој треба да ја верификува. шефицата даде услов дека ќе го напушти СЈО кога ќе изберат нејзин наследник, што најверојатно ќе се поклопи со терминот кога всушност и истекува мандатот 15 септември. Патем порача и дека се повлекува за да не влијае на истрагата Рекет. Ова прашање е реторичко велат невладините кои и самите се зачудени условената оставка.

Јанева: Ни свесно, ни несвесно не сум ја злоупотребила функцијата

„Оставка на два месеца пред истек на мандатот, со тоа што вие ја вршите функцијата натаму, навистина не знам како да го коментирам… Ние не бевме информирани дека не ја поднела до Советот на јавни обвинители“, коментира Натали Петровска од Коалиција за правично судење.

За потсетување, Јанева на 15 јули ја најави оставката на денот кога беа приведени осумничените за случајот Рекет. Се шпекулира дека Јанева има некаква поврзаност со случајот Рекет. По недела дена молк шефицата на СЈО излезе на прес – конференција каде изјави дека свесно не давала коментар за случајот Рекет.

„Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно сум ја злоупотребила функцијата. Повикот да се служи на државата и да се биде дел од професионален тим кој треба да го реши високиот криминал во државата е чест за мене, иако постојано бев мета на препукувањата меѓу партиите“, рече Јанева.

Интересно да се спомене дека на прес конференцијата Јанева немаше поддршка од нејзините колешки Лиле Ристовска и Фатиме Фетаи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести