После информациите дека во случајот „Рекет“ се вмешани и други луѓе, меѓу кои и политичари, од ОЈО тврдат дека истрагата се води непристрасно и професионално.

Објавил: Весна Петровска | 26 септември, 2019 17:34

Катица Јанева три часа правеше увид на доказите против неа – го напушти Обвинителство и замина во Шутка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Екс специјална обвинителка, Катица Јанева, по три часа го напушти Обвинителството за организиран криминал и корупција каде таа вршеше увид на доказите за случајот Рекет.

Јанева, како и Боки 13 во обвинителството бараа прво да се запознаат со доказите, па дури потоа да ги кажат своите верзии за аферата.

За потсетување, Катица Јанева се сомничи за злоупотреба на службената должност.

За мебел од 5 илјади евра Катица Јанева на Орце Камчев му ветила дека ќе биде заштитен сведок и ќе плати со спогодба, без да оди во затвор во случајот „Империја“, открива Обвинителот Љубомир Јовевски објаснувајќи го приведувањето на Катица Јанева. Обвинителството ја проширува истрагата за случајот „Рекет“ и за колешката од СЈО бара мерка притвор, бидејќи според истрагата за себе и за други лица прибавила значителна имотна корист за да му ја олесни состојбата на осомничениот Јордан Камчев.

После информациите дека во случајот „Рекет“ се вмешани и други луѓе, меѓу кои и политичари, од ОЈО тврдат дека истрагата се води непристрасно и професионално.

Обвинителите Јовевски и Русковска велат дека за нивната истрага не е важна информацијата каде сега се наоѓа Орце Камчев, не кажуваат ништо повеќе ниту за евентуалната вмешаност во криминал и на синот на Катица Јанева, кој работел во компанија поврзана со Бојан Јовановски, а на распит ќе бидат повикани и Јовановски но и сите други кои се вмешани во случајот како осомничени, сведоци или оштетени меѓу кои може да биде и премиерот Заев.

Јовевски објасни дека нема да има проблем ниту со функционирањето на СЈО, бидејќи сега советот на јавни обвинители треба да костатира дека Катица Јанева е спречена да ја врши функцијата и треба да назначи в.д. Јавен обвинител од редовите на СЈО. Во однос на евентуална вмешаност на судии во случајот „Рекет“ од ОЈО велат дека засега немаат такви информации.

Советот на Јавни обвнители на 14.09 2019 година ја разреши Катица Јанева од фунцкијата шефица на специјалното обвинителство,а вработените на СЈО се вратени од местата каде што и беа донесени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести