Верниците на Римокатоличката црква денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден.

Објавил: Перо Милчин | 12 април, 2020 15:15

Католиците го слават Велигден – ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Христијанските верници според Грегоријанскиот календар го слават својот најголем празник денес, Воскресението на Исус Христос – Велигден, но годинава, заради пандемијата, нема да се присуствува на црковните служби.

Верниците на Римокатоличката црква денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден.

Денеска католиците ширум светот го слават најголемиот христијански празник, Воскресение Христово (Велигден). Исус сам го оживеал своето мртво тело и на тој начин докажал дека Тој е Семожен Господ. Најголем доказ за своето божество дал кога излегол жив од гробот и се појавил пред својата мајка, заплашените пријатели и апостолите.

Верниците на Римокатоличката црква денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден.

Распнатиот и убиен Исус, воскреснал. Исчезнала темнината на Велики Петок и заблескало утрото на воскресението. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе со добра волја им го покажува патот кон среќата и спасението.

По повод празникот, бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати велигденска честитка.

– Драги браќа и сестри, преку Великиот пост имавме можност да почувствуваме дека и покрај сите технички достигнувања, некако сме изложени на опасност и страдања, дека во нашиот живот постојат тешки периоди кога не ја препознаваме Божјата присутност.

Во такви прилики, лесно може да ни се случи да чувствуваме страв и немоќ и да започнеме да се сомневаме во Божјата близина. Но, дури и во такви мигови на страв и вознемиреност, не можеме да се откажеме од надежта. Затоа што сме убедени дека времето доаѓа, или поточно, веќе е тука кога Бог особено сака да ни ја покаже својата љубов и својата близина.

Тој е со нас во нашата болка, затоа што „Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога“ (Исаија 53,4).

Некако со почетокот на Великиот пост ја дочекавме и невидливата опасност од пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), која за релативно кратко време опфати голем број на земји, а што влијаеше и ја зафати и нашата сакана Татковина.

Во сенката на сето она што го доживеавме и сè уште го доживуваме, сакаме на празникот Велигден како апостолот да го упатиме својот крик до Бога: „Господи, спаси нè!“

Тоа е израз на послушна вера и целосно предание во Божјите раце: „Целосно се предаваме на Твојата света волја, Господи. Повеќе не викаме за помош, затоа што гледаме дека не можеме сами да сториме ништо. Ти мора да сториш сè!“ Исус рече дека не можеме да бидеме негови ученици ако не се откажеме од сè и не го земеме својот крст и не одиме по Него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани