Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски!

Објавил: Владо Марин | 26 мај, 2020 19:22

Кафулињата се отвораат во четврток: Укинат полицискиот час, од утре нема рестрикции на движењето!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција соопшти дека Владата одлучила целосно да се укине мерката забрана за движење, односно полициски час почнувајќи oд утре 26 мај 2020.

Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа.

Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски!

Од четврток полнуваат со работа угостителските објекти со прецизно утврдена работа во отворените делови, односно терасите. Во наредната фаза ќе се регулира работата на затворените делови од угостителските објекти, рече на денешната пред конференција Спасовски!

Според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.