Во новата зграда на Кривичниот суд денес во похаотична атмосфера продолжи рочиштето за "27 април" со што во салата секој правен застапник е со својата замена од Кацарска

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 12:29

Кацарска направи хаос, во судницата над сто адвокати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Без присуство на јавноста денеска во новата зграда на Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на РМ со сведочење на загрозениот сведок С1.

Во судницата се присутни обвинетите, адвокатите на обвинетите и адвокатите по службена должност кои вчера ги назначи Судот по напуштањето на рочиштето на одбраната на обвинетите кои се жалеа дека немаат услови за работа.

Со тоа по одлука на судијката Добрила Кацарска, обвинтетите имаат адвокат за адвокатот.

На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето беше префрлено во стариот објект на Судот. Поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите одбраната беше казнета со по 1.000 евра.

На ова реагираа и од адвокатската комора на Македонија.

Во продолжение интегралното соопштение од Комората:

Адвокатската комора на РМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за „27 април“, се со цел за непречено и фер судење.

Група адвокати ангажирани како бранители во предметот КОК БР. 40/18 што се однесува на случувањата од 27 април минатата година во Собранието на РМ, што се води пред Кривичниот суд во Скопје, вчера во попладневните часови ја известиле Адвокатската комора на РМ дека на вчерашното рочиште на адвокатите не им биле овозможени елементарни услови да го следат распитот на загрозениот сведок, да можат да водат прибелешки и да поставуваат вкрстени прашања во интерес на лицата кои ги застапуваат.

Заради надминување на состојбите околу условите за работа, Адвокатската комора на РМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес, а се со цел за непречено и фер судење.

Во контекст на погоре наведеното од Адвокатската комора во денештото соопштение напоменуваат дека е потребно учесниците во постапката да укажат взаемно почитување, да го почитуваат и чуваат угледот меѓусебно и со коректен однос да придонесат за спроведување на законитоста во постапката.

Таквите тенденции се должни да ги овозможуваат на пристоен начин и со допуштените правни средства.

Сметаме дека во интерес на законитоста на постапката потребно е сите учесници во истата доследно да ги почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка, а се со цел нормално и непречено одвивање на судењето. – велат од Адвокатската комора на РМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести