Зошто прогласувањето на Кајли Џенер (21) за најмлада милијардерка која самостојно го стекнала богатството, од страна на „Форбс“, предизвика расправа во американската јавност

Објавил: Македонка Димкин | 10 април, 2019 0:26

Кајли Џенер од Инстаграм ѕвезда до најмлада милијардерка преку донации

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кајли Џенер најмладата милијардерка смисли едноставен план со кој таа, ја  претвори семејната слава и богатството, како и бројот на нејзините обожаватели на Инстаграм и нејзината компанија „Кајли козметикс“ во богатство што достигна милијарда долари.

Иако малкумина од милијардерите имале толку обожаватели како Кајли Џенер при почнување на својот пат кон успехот (таа имаше 120 милиони обожаватели на Инстаграм), секој од тие милијардери имал некој вид помош во градење на нивното богатството, било тоа да е од други вработени во компанијата што ја основале, или од ментори, пријатели и родители.

Зошто прогласувањето на Кајли Џенер (21) за најмлада милијардерка која самостојно го стекнала богатството, од страна на „Форбс“, предизвика расправа во американската јавност во врска со изразот „самосоздадена милијардерка“, употребен за опишување на нејзиниот општествен статус.?

На американците не им се допадна идејата дека Џенер, која израсна во текот на телевизиското реално шоу „Во чекор со семејството Кардашијан“, чија сестра е Ким Кардашијан, а родители ѝ се познатите Крис и Кетлин Џенер, самостојно станала милијардерка, предизвика јавна реакција. Дебатата се разгоре откако „Њујорк Тајмс“ објави дека таа имала помош во создавањето на нејзиниот бизнис.

» Не можам да речам дека го постигнав тоа самата. Кога станува збор за финансии, немам наследени пари. Но, затоа имав многу помош и голема група обожаватели на Инстаграм – изјави Кајли Џенер за „Њујорк Тајмс“. 

Откако Forbes објави информација дека Кајли Џенер наскоро ќе стане најмладата милијардерка на светот која своето богатство го стекнала самостојно, а дека досега има заработено 900 милиони долари, се активираа нејзините најверни обожаватели со цел Кајли што побрзо да го достигне споменатиот финансиски статус.

Кајли своите 900 милиони долари ги заработи најмногу благодарение насвојата линија козметички производи која ја иницираше пред две години. Нејзините обожаватели одлучија да иницираат „crowdfunding“ кампања со цел богатството на Кајли што побрзо да надмине милијарда долари.

„Мораме да собереме 100 милиони и да ги дадеме на Кајли, многу е важно тоа“, стои во објавата од нејзините обожаватели кои донираат во просек по пет долари, а медиумите наведуваат дека еден обожавател уплатил 1.000 долари со цел да „помогне“ американската ТВ ѕвезда што побрзо да стане милијардерка.

Забуната, всушност, е предизвикана од „Форбс“, бидејќи во написите на магазинот се користат три категории за класифицирање на милијардерите – самосоздадени, оние кои добиле наследство, како и на оние што го унапредиле постоечкиот бизнис на нивното семејство, како што е случајот со американскиот претседател Доналд Трамп.

[ngg src=”galleries” ids=”36″ display=”pro_horizontal_filmstrip”] 

Кајли Џенер имаше навистина голема помош од нејзината мајка Крис Џенер, под чие водство ја изгради компанијата што ја направи милионерка.

Најбогатите 400 луѓе во светот на листата на „Форбс“ се класифицирани со бројки од еден до 10, при што со број еден се оние кои целосно го наследиле богатството, а со десет оние кои почнале од „нула“. Кајли спаѓа во групата обележана со седумка, бидејќи имала многу предности во текот на создавањето на богатството.

» Тогаш, зошто луѓето реагираа толку жестоко кога станува збор за Кајли? Дали е поради тоа што сите обожаваат да го озборуваат семејството Кардашијан? Или луѓето  се заситени од ТВ-шоуто и од социјалните мрежи кои  со интернет- кампања ѝ помогнаа да стане милијардерка, и покрај богатството од 900 милиони кое го имаше пред да започнат донациите? Некои се прашуваа дали јавноста реагира бидејќи таа е жена – се прашањата поставени од магазинот „Форбс“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести