Инаку во вчерашната 9 та епизода од шоуто, Даниел буквално растури во улогата на Шон Мендес, а настапуваше заедно со Едита Арадиновиќ, која пак беше во улога на Камила Кабејо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 9:56

Кајмаковски растури како Шон Мендез- победи во 9 тата епизода на „ТЛЗП“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот пејач Даниел Кајмаковски е победник во 9тата Епизода на шоуто Твоето лице звучи познато. Кајмаковски ќе добие награда од 1.000 евра која ќе му биде доделена од Емилија Стаменчиќ која боледува од церебрална парализа и епилепсија.

Дуото се претстави во најдобро светло изведувајќи го големиот летен хит  „Señorita“, а нивниот  настап беше пресуден за победата.

Инаку во вчерашната 9 та епизода од шоуто, Даниел буквално растури во улогата на Шон Мендес, а настапуваше заедно со Едита Арадиновиќ, која пак беше во улога на Камила Кабејо.

Секако дуото се претстави во најдобро светло изведувајќи го големиот летен хит  „Señorita“, а нивниот  настап беше пресуден за победата.

За потсетување, македонскиот пејач Даниел Кајмаковски пред извесно време се најде среде скандал во Србија откако беше објавено дека наводно двоглав орел со вкрстени раце.

Кајмаковски се најде среде скандал откако со вкрстени раце покажувал двоглав орел, а тој вели дека само ги покажувал ноктите кои биле дел од неговиот сценски настап.

Даниел не можел ни да замисли дека токму поради тоа ќе си направи проблеми бидејќи вкрстените раце на балканот симболизраат двоглав орел како знамето на Албанија. Двоглавиот орел го „прославија“ швајцарските фубалери со албанско потекло, а потоа се префрли и на политичарите.
Но и покрај скандалот Кајмаковски успеа да покаже дека во шоуто е само поради своите музички квалитети и се труди да се покаже во најдобро светло, што вчера му донесе победа.

 

Ненад Пагонис, Едита Арадиновиќ, Ненад Кнежевиќ –Кнез, Ивана Петерс, Катарина Богиќевиќ, Жељко Шашиќ, Алекса Јелиќ, Драган Којиќ-Кеба и нашиот Даниел Кајмакоски се десетте учесници во шоуто, кое се емитува на најгледаните телевизии во регионот.

 Даниел беше победник во 2016 година, а освоените 25 илјади евра ги донираше во хуманитарни цели за лечење на две дечиња од Куманово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.