Аналитичарот Арсим Зеколи за смената на Тевдовски од министерското место !

Објавил: Узунов Бобан | 24 јуни, 2019 12:36

Зеколи: Кај нас успешен минстер е тој што има свои гангстери и проститутки !

Фото/Текст извор: ©магазин

Аналитичарот Арсим Зеколи за смената на Драган Тевдовски од министерското место на твитер напиша дека кај нас успешен минситер е тој што се занимава со нелегални работи. 

Жалам Тевдовски што навреме не разбра дека успешен министер кај нас мора да има свои гангстери, свои новинари, свои медиуми, свои проститутки итн. Со што си сакал да го задоволиш шефот? Со знаење и вредност? Ах бе, младо, лудо, пишува политичкиот аналитичар и колумнист Арсим Зеколи на Твитер.

Бранимир Јовановиќ поранешниот советник на сега веќе поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски смета дека не требало да се смени актуелниот министер, туку оние кои “местеле милионски тендери и трошеле државни пари а ништо не работеле”

Kога ме праша дали сакам да му бидам советник, му кажав дека не сме, ни тој, ни јас, за овдешната политика. Неговиот одговор беше дека можеби сум во право, ама дека сепак имаме должност да пробаме да ги смениме работите.

Постојано кажуваше дека сака да биде како министерот за финансии во Данска – да не се наметнува многу во јавноста, ама системот да функционира. Мислам дека успеа во тоа. За жал, далеку сме ние од Данска. Кај нас, ако ти не се наметнуваш, некој корумпиран хоштаплер ќе се наметне, и ќе работи против тебе.

Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа…

Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести