Ова е паламентарна демократија, така што важно е кога ќе влезете во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата и долгорочното олеснување на рестрикциите, да имате целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2020 18:52

КЕЈТ БРНЗ: Избори во Македонија, кога ќе има услови за тоа!

Фото/Текст извор: ©независен весник

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз во интервју за Независен весник посочува дека сега не е време за избори и дека истите ќе се одржат само кога условите ќе дозволат.

Г-ѓа Кејт Брнз, амбасадор на САД во Република Северна Македонија, е ветеран во американската дипломатија со 26-годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт департментот. Од септември 2017 – мај 2019, таа беше заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Атина. Претходно, таа служеше како вршител на должност амбасадор во Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија, каде исто така, беше и заменик шеф на мисијата од септември 2014.

-А, идната фаза ќе бара добро владеење, исто така. Ова е паламентарна демократија, така што важно е кога ќе влезете во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата и долгорочното олеснување на рестрикциите, да имате целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните. Така што, од оваа перспектива разумно е да се очекува дека, штом условите дозволат да се одржат безбедно изборите, политичките лидери да утврдат излезно решение така што ќе се соберат заедно и ќе договорат пат за одржување избори кои нема да бидат само фер и транспарентни, туку и безбедни, имајќи ја предвид грижата околу заштитата на граѓаните што треба да излезат на гласачките места и тие што ќе работат на нив, вели Брнз во интервјуто за Независен весник.

Очекувате ли регуларни  избори во Македонија, со оглед на големата  политичка поларизација во земјата? Според вас, расчисти ли ВМРО-ДПМНЕ со минатото – и во однос на политичкото наследство, и во однос на стилот, гледајќи го пред сѐ работењето на техничката влада?

-Гласачите се тие што ќе решат на крајот која политичка партија или кандидат сакаат да ги преставува. Престојат некои критички одлуки и тие ќе го направат изборот, а тие ќе пресудат врз основа на тоа што го прават и што го зборуваат политичките кандидати и партиите. Од наша перспектива техничката влада заврши многу добра работа менаџирајќи ја раната фаза на оваа криза. Тие се фокусирани на тоа. Сега најважно е политичките лидери да се соберат и да ја прифатат важноста да им се даде можност на гласачите да ја изразат нивната желба и проценка каков вид на политичко лидерство сакаат. Најважно е земјата да може да остане фокусирана на нејзината цел, а тоа е продолжување со евроатлантската интеграција, што значи да излезе од оваа посебна криза и да продолжи со демократскиот напредок и со економските реформи кои ќе овозможат да се оствари таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести