Иако во јавноста кружеше мислењето дека наводно Кејт, не ги раѓала децата, сепак таа рече дека како и секоја бремена жена имала стравови и претрпувала болки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 20:32

Кејт Мидлтон откри: Застрашувачки е фактот да излезеш пред фотографите неколку часа по породувањето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Војвотката Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијамс, конечно реши да прозборе за трите породувања. Имено јавноста во три наврати можеше да ја види Кејт, како само неколку часа по породувањето се слика со новороденото дете.

Иако во јавноста кружеше мислењето дека наводно Кејт, не ги раѓала децата, сепак таа рече дека како и секоја бремена жена имала стравови и претрпувала болки.

Кончно Кејт во едно интервју прозборе за бременоста, породувањето и мајчинството.

Војвотката откри дека поминувала низ работи низ кои не минува скоро никој на светот.

По само три часа по породувањето, Кејт излезе пред болницата и се фотографираше со бебето и сопругот, го опишува како застрашувачки.

Нема да лажам, фактот дека по породувањето ќе излезам пред сите тие луѓе беше застрашувачки. И Вилијам и јас бевме свесни колку сите се возбудени поради породувањето и мило ни е што имаме толку поддршка од јавноста – рекла Кејт.

Ни беше многу важно што можеме да ја споделиме радоста на тој начин. Меѓутоа, бевме новопечени родители, несигурни и неискусни, па беше предизвик да држиме новороденче таму. Беа тоа измешани емоции – заклучила Кејт.

Со првото бебе, принцот Џорџ таа излезе пред фотографите, по еден ден, но со другите две децата  во јавност излезе по неколку часа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.